Мизрахи во посета на Специјалниот завод-Демир Kапија

Од:

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ја посети Јавната установа Специјален завод -Демир Капија. Целта на посетата беше да утврди и на лице место да се увери и да види во какви услови престојуваат штитениците на Заводот.

Од средба и разговорот со вработените, како што информираат од МТСП, министерката Мизрахи беше информирана за моменталната состојба во Специјалниот завод-Демир Капија, а од најавените реконструкции на Заводот, според неа, видливи се само обоените ѕидови.

-За хуманоста во условите во коишто престојуваат овие корисници не можам да зборувам. Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чист ужас. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме обоени ѕидови, додека инсталацијата водоводна, електрична е сѐ уште онаа од 56-та односно 58-ма година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе, изјави Мизрахи по обиколката на Специјалниот завод.

Од помпезните најави, додаде, можам да кажам дека на почетокот на владеењето на СДСМ оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател.

-Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за шест корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден неговател, посочи Мизрахи и нагласи дека ќе се заложи оваа состојба да се промени, а штитениците да ја добијат потребната грижа, нега и пред сѐ човечни услови за живот, бидејќи, како што рече, секој заслужува да има пристоен живот.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска