Пенс: Почна разгледувањето на „втората фаза“ од трговскиот договор со Кина

Од:

САД и Кина почнаа да ја разгледуваат „втората фаза“ од трговскиот договор, изјави изјави за американските медиуми потпретседателот на САД, Мајк Пенс, непосредно откако двете земји ја потпишаа првата фаза од договорот.
-Веќе почнавме со дискусии за втората фаза од договорот, рече Пенс, без да открие никакви детали.

„Како што денеска кажав, американскиот народ може да биде уверен дека претседателот Трамп, по завршувањето на првата фаза од договорот решително ќе продолжи да ги брани работните места во нашата земја, додека продолжуваат преговорите што се насочени кон воспостваување долгорочни слободни, праведни и взаемно погодни трговски односи со Кина”, кажа американскиот потпретседател.

Церемонијата на потпишување на првата фаза од трговскиот договор со Кина се одржа на 15 јануари во Вашингтон. Документот го потпишаа претседателот Доналд Трамп и вицепремиерот на кинескиот Државен совет Ли Хе.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ