Коњков: Мишустин е само технички премиер, со јасни привремени задачи

Од:

Директорот на руска Федерална даночна служба Михаил Мишустин е повикан на местото претседател на владата како „технички“ премиер, за да ги изработи уставните амандмани и да ги реализира националните проекти, а не за исполнување на политички амбиции, смета политичкиот аналитичар Александар Коњков.

-Мислам дека Мишустин може да стане своевиден технички премиер, што е категорија која беше позната во првите два мандата на Михаил Фратков и Виктор Зупков. Премиер кој нема политички амбиции, но истовремено има конкретна, јасна задача, на чија реализација ќе работи, објасни Коњков за руските медиуми.

Меѓу задачите кои Мишистин и новата влада треба да ги добијат Коњков ги издвои постигнување на националните цели и реализирање на националните проекти, како и развој, разгледување и усвојување на измените на рускиот Устав, кои Путин ги предложи во својот говор пред Фдералното собрание – Думата.

Според него, токму овие измени на Уставот укажуваат на „привремениот“ карактер на новата влада.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев вчера го информираше Путин дека владата поднесува оставка, а потоа Кремљ соопшти дека претседателот на Русија за нов премиер го предлкожил Михаил Мишустин.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов