Судијата не прифаќа одложување на ТНТ: Тони нека седи и нека молчи

Од:

Обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски во случајот ТНТ, иако дојде на рочиштето, бара одлагање со документ до доктор во кој пишува дека тој не можел да следи судења. Адвокатот Јовица Страшевски го убедуваше судијата Огнен Ставрев дека здравствената состојба нема да трае до недоглед.

„Со оглед на препораката моја од докторите, за забрана на присуство на судско рочиште. Сакам мојот бранител да се произнесе, а јас да ја почитувам забраната за рочиштето“, рече Трајковски.

Неговиот адвокат, Страшевски посочи дека не е во ред Трајковски да не оди на работа, а да доаѓа на судења.

„Ова нема да трае до недоглед. Трајковски има боледување. Да не излезе тој да оди на судења, а не оди работа. Во документот кој ви го доставив пишува ‘Со оглед на сегашната здравтвдна состоја, не може да следи судски рочишта’. Самата терапија која ја прима, не му дозволува да следи судења“, рече Страшевски.

По долгите убедувања, судијата Ставрев рече дека во моментов, најдобро решение би било Трајковски да седи и молчи, а никој нема да го прашува и гњави.

„Јас имам предлог Тони да седи и да молчи. Никој нема да го прашува и гњави. Јас колку што се разбирам во медицина ова не е толку страшно“, реплицираше Ставрев.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов