Најмалку 17 војници загинаа, а 37 се повредени во експлозија на автомобил бомба во близина на резервоар за гориво во воен магацин во северозападен Пакистан, соопштија денеска властите.
Меѓу повредените има и тројца цивили што работеле на изградба на пат кон градот Мир Али во покраината Северен Вазиристан.
Во силната експлозија уништени се два објекти за сместување на војници во Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Областа се смета за едно од главните упоришта на талибанските бунтовници и припадниците на Ал Каеда.
Се уште никој нема преземено одговорност за нападот, додека регионалната власт воведе полициски час во прелемснкиот регион во близина на авганистанската граница.