Пленковиќ: Амбиција на Хрватска е да обезбеди поддршка за старт на преговорите со С. Македонија и Албанија

Од:

Организирањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб и отворањето преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во Унијата се меѓу главните приоритети на претседавањето на Хрватска со Унијата, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во обраќањето пред Европскиот парламент.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, претставувајќи ги приоритетите на хрватското претседавање со ЕУ, Пленковиќ пред европратениците порача дека Хрватска не ја крие амбицијата да се обиде да обезбеди поддршка од земјите членки на Унијата за старт на преговори за членство со земјава и со Албанија.

– Идниот извештај на Европската комисија и предлозите за подобрување на методологијата за процесот на преговорите ќе бидат важни. За кредибилноста на политиката на проширување важно е да се зачуваат принципите на почитување на политичките критериуми и индивидуалниот напредок. Секоја земја кандидат треба да се оценува врз нејзините резултати, при што крајната цел на преговорите останува членството во ЕУ. Тоа треба да биде главната определба на политиката за проширување, истакна хрватскиот премиер.

Пленковиќ потсети дека Европскиот парламент по француското вето лани во октомври, усвои резолуција со која се поддржува отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија и во која се подвлекува важноста на проширувањето, како за земјите кандидати, така и за ЕУ.

Со тоа, според Пленковиќ, Европарламентот ја потврди посветеноста кон кредибилната политика на проширување на ЕУ.

Хрватскиот премиер потенцира дека средбата на врвот од Загреб во мај ќе се одржи 20 години по првиот загрепски Самит, кој „ја отвори европската перспектива за Југоисточна Европа и за договорите за стабилизација и асоцијација“.

– Меѓу тие земји се наоѓаше и Хрватска, која единствено стана членка на ЕУ. Денес таа претседава со ЕУ и нашиот пример му дава уште посимболично значење на Самитот во Загреб. Затоа од Самитот во Загреб сакаме да им испратиме силен сигнал на нашите партнери од Југоисточна Европа кои се уште се во еден вид на европско претсобје и да им порачаме: Ако ги продолжите сите реформи и ги исполните сите критериуми за членство, Вашата европска перспектива не е ставена во прашање и вие сте добредојдени. Истовремено, ЕУ ќе Ви помогне да ги исполните вашите цели со учество во европските проекти, интегрирање на инфраструктурните мрежи со редовен политички дијалог на највисоко ниво и со промовирање на европските вредности и принципи, рече хрватскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина