Продажбата на автомобили во Кина лани опаднала за 8,2 отсто

Од:

Продажбата на автомобили во Кина во декември минатата година продолжи да се намалува, па за цела 2019 година овој пад изнесува 8,2 отсто, покажаа вчера објавените податоци на Кинеската асоцијација на производители на автомобили (ЦААМ).

Кинеското производство на возила во 2019 година имаше пад од 7,5 отсто.

Минатата година во Кина вкупно беа произведени 25. 712 милиони автомобили. И покрај падот, и производството и продажбата и натаму се најголеми во светот, истакнуваат од ЦААМ.

Продажбата на патнички автомобили, што сочинува 83 отсто од вкупната продажба на возила, на годишно ниво опадна за 9,6 отсто. Продажбата на автомобили во декември благо се намали за 0,1 отсто.

Повикувајќи се на месечните тенденции, ЦААМ заклучува дека состојбата во кинеското производство и продажба на автомобили постепено, сепак, ќе се подобрува.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски