Околу 30 демонстранти денеска протестираа во Љубљана против корупција и непотизам.
Учесниците на протестот најпрво отишле до зградата на Килинички центар каде барале бесплатно јавно здравство, праведна исплата и укинување на додатното осигурување.
Потоа, демонсрантите се упатиле пред зградата на Компанијата за развој на инфраструктура, каде изнеле обвинувања дека големи пари отишле во приватни џебови преку изградбата на автопатишта во Словенија.
Демонстрантите пред зградата на железничката станица во Љубљана предупредиле за вработување според политичка припадност.
Најавени се слични протести и наредната недела во Марибор, а демонстрациите ќе се одржуваат секоја сабота до крајот на април низ цела Словенија.
Јасна Атанасова