(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Од:

Собранискиот спикер Талат Џафери изјави дека дал поддршка на законот за лустрација и дека нема ништо спорно за него и да се поништи законот за лустрација.

„Не сум го видел текстот на законот и немам коментар по него. Гласав за носење на законот за лустрација и немам проблем ни со поништувањето на законот“, рече кусо Џафери.

Што се однесува до законите за јавно обвинителска служба, Џафери дециден.

„Ако пратеничките групи обезбедат мнозинство, законот ќе биде ставен на седница. Ова важи и за други закони кои треба да се донесат. Ако не обезбедат, секако Собранието ќе биде распуштено на 12-ти февруари по што влегуваме во изборниот процес“, рече Џафери.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он