Кинеските инвестиции во Европа и Северна Америка најниски во последните десет години

Од:

Кинеските инвестиции во Европа и Северна Америка во 2019 година достигнаа најниско ниво во последните десет години, покажуваат резултатите од анализата на компанијата Бекер МекКензи во партнерство со водечкиот истражувач Родиум Груп.

Инвестициите во Европа се намалија за 40 отсто, а во Северна Америка за 27 проценти минатата година и изнесувале вкупно 19 милијарди американски долари, се наведува во анализата.

Најголемите кинески инвестиции во Европа биле во Финска (5,3 милијарди долари), Шведска (1,3 милијарди), Германија и Италија (по 700 милиони долари).

Исто така, инвестициите во Ирска се зголемија за 50 отсто.

Кина во Канада и САД најмногу инвестирала во Канзас (две милијарди долари), Британска Колумбија и Калифорнија (по 700 милиони), Тенеси (400 милиони) и Мејн (200 милиони долари).

– Либерализацијата на политиката од страна на кинеската Влада ги укина претходните прагови наметнати од странски инвеститори и доведе до склучување договори во автмобилскиот и финансискиот сектор. Ова може да доведе до тоа кинеските инвестиции во странство да се вратат на повиско ниво во следните години, изјави Мајкл ДеФранко од Бекер МекКензи.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски