Победникот на првата овогодинешна трка во Австралија во Формула 1, Финецот Кими Раиконен доби казна од пет места наназад на стартот од втората трка, бидејќи неговите механичари беа принудени да го променат менувачот на неговиот болид.
„Се надевам дека в недела ќе постигнеме прогрес, бидејќи болидот е побрз од тоа што го покажавме денес. Проблемот со КЕРС во текот на попладнето беше фрустрирачки, но се надевам дека ќе биде надминат. Патеката е иста како што се сеќавам и се надевам на подобри квлалификации од оние во Австралија. Со нетрпение ја очекувам неделната трка“, рече Раиконен.