Tренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне, прозборе за моменталната ситуација во клубот и потенцијалните засилувања за наредната сезона, вклучувајки го Фернандо Торес – фудбалер кој Аргентинецот го познава многу добро, а своевремено беа и соиграчи.
На темата Фернандо Торес, Симеоне изјави:
Фернандо моментално настапува за друг клуб. Треба да почекаме сезоната да заврши и да одлучиме кој фудбалер го сакаме во нашиот тим. Торес ја познава клубската историја, има играно тука и не мора да се зборува за неговите квалитети. Ние бевме соиграчи. Знам колку значаен за клубот може да биде.
Кога беше запрашан за иднината на Радамел Фалко, аргетинскиот менаџер одговори:
Јас не сум Фалкао, а не сум ни негов агент. Јас сум тренер на клубот и имам огромна почит кон него, бидејќи ми даде толку многу прво во Ривер Плата, а сега и во Атлетико. Секогаш го дава максимумот, а таквите фудбалери најмногу ги почитувам. Но, секој сам си ги носи одлуките за својата иднина. Секој човек е различен и единствено што ни останува е да се почитуваме едни со други.