(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: По 12 април почнува вистинската реформа во МВР, секој ќе одговара за незаконското постапување

Од:

„Криминалот и криминалците се природна средина за Заев и Спасовски. Само со сомнителни ликови тие се чувствуваат сигурно бидејќи знаат дека со такви ќе може да се пазарат и договараат.

Затоа Спасовски и Заев ги плашат законските смени во МВР. Затоа Спасовски и Заев си ја назначија Славјанка Петровска за заменик во МВР чија единствена задача ќе биде да ги штити криминогените ликови и да ја спречи професионализацијата на МВР. Впрочем Петровска нема ниту ден работно искуство во областа на безбедноста. Единствена додирна точка и беше седењето во шатор пред владата каде хулигани напаѓаа и повредија десетици полициски службеници“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев, Спасовски и Петровска се во паника бидејќи веќе не може да се потпрат на услугите на Примислав Димовски кого си го назначија за началник на интервентната единица. Димовски е познат по тоа што дебело си ја наплати својата соработка со криминализираното СЈО. Дали и тој е вмешан во рекетот треба да се докаже истрагата, но Димовски освен платата од МВР зел и 40.000 евра за услугите кон Катица Јанева.

Заев, Спасовски и Петровска се во паника затоа што се гледа дека Лазе Евридики, не е единствениот кој полициските службени возила ги злоупотребувал за лични потреби. Лазе ќерката си ја развозуваше по грчки кампови, а за соработниците на Спасовски не се знае ниту каде ги управуваат возилата. Лазе Евридики без срам си го поставија за началник на организиран криминал, а соработниците на Спасовски уште побесрамно одбиваат да ги вратат службените возила.

Јасно е дека со вакви ликови во полицијата ќе гледаме престрелки по хотели и улици или ќе имаме фалсификувани пријави како во случајот со насилството на Курто Дудуш.

Нивното време завршува. Доаѓа времето на професионализација и на вистинска борба со криминалот. После 12-ти април почнува вистинската реформа во МВР, а секој ќе одговара за незаконското постапување“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми