Обновата на Триумфалната порта во сирискиот град Палмира, што беше крената во воздух од џихадистите на Исламска држава во 2015 година, ќе чини околу еден милион долари, за Тасс изјави Дмитриј Медјенцев, претседател на Асоцијацијата на руските компании од секторот за камен, која ќе учествува во обновата на разурнатиот музејски комплекс.
Дваесетметарската Триумфална порта е изградена од базалт, гранит и мермер за време на римскиот император Септимиј Север, на крајот на II век. Таа ја краси главната улица на Палмира. Од двете страни на портата имаше десетметарски колонади, но џихадистите и нив ги кренаа во воздух заедно со портата.
-Подготвивме тригодишен меморандум, што ќе го потпишеме заедно со сириската страна. Тој предвидува обновата на портата и колонадите да трае три години. Проценетата вредност на градежните работи изнесува околу милион долара, а само подготвителната работа ќе одземе околу една година, дополни Медјенцев.
За време на обновата експертите ќе ги проучат и историските карактеристики на варовникот и другите слоеви од природни камења, од кои во минатото бил добиван материојалот за изградба на градот, вклучувајќи ја и Портата. По ова ќе се организира обезбедување на суровините, производство на деловите за колонадите, и нивното поставување. Поврзувањето на деловите ќе се прави на специјален начин. Работата врз обновата на Поратата ќе се финансира од донаторски фонд.
Обновата на Палмира во иднина ќе се прави преку 3D моделот на актуеланата состојба на споменикот, што беше направен и претставен пред експертите во декември 2019 година од научници на Институтот за историја на материјалната култура на Руската академија на науките при УНЕСКО во Париз.
Палмира е еден од најбогатите градови од доцната антика во сириската пустина меѓу Дамаск и Еуфрат, а се наоѓа на 240 киломери североисточно од сириската престолнина. Остатоците на Палмира се објект од светското културно наследство на УНЕСКО.
Џихадистите на Исламска држава на двапати го заземаа градот – во мај 2015 година и во декември 2016 година. Во тоа време тие уништија редица споменици, вклучувајќи ја и Триумфалната порта, централниот дел од амфитеатарот, статуата на Лео Алат, храмовите на Бел и Баалшамин. Во градот се разместени меѓу 1.000 и 2.000 колонади од I – II век, и над 500 антични гробници.