СДСМ: Говорот на омраза и заканите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат, Мицкоски работи на враќање на режимот

Од:

„Емил Јакимовски Гусарот, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ јавно и директно упатува закани кон новинари и политички неистомисленици, а Христијан Мицкоски и неговата партија молчат.

Ниту министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ не постапува и не ги заштитува лицата кои трпат закани од Јакимовски.

Чулев единствено се занимава со коли за неговиот кабинет и ја загрозува безбедноста“, велат од СДСМ.

„Тоа е доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат само за враќање и обнова на криминален, насилнички режим кој се заканува и заплашува.

Ништо не е сменето, тоа е истата, нереформирана, режимска ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ ги осудува заканите на членовите на ВМРО ДПМНЕ.

Режимската ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски убедливо ќе бидат поразени од граѓаните на 12 април“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени