Чулев: Возилата кои ги има обезбедувањето на Спасовски, се користени во МВР пред тој да биде назначен за премиер

Од:

Техничкиот министер Наќе Чулев за телеграмата со која барал да се вратат 35 возила за А1он“ вели дека од 2000 возила во МВР, неговиот кабинет користи два автомобили од 2002 година. Тој потенцира дека доколку некои возила биле неопходни да останат во Владата, треба да добие известување. Но, Чулев смета дека не е во ред, сите возила кои техничкиот премиер Оливер Спасовски ги користел како министер во МВР да бидат прераспределени. Во однос на барањето, обезбедувачите на премиерот да ги вратат возилата во МВР, вели дека е оправдано бидејќи станувало збор за нови „ланд ровер“ џипови со кои тие се превезувале за да си одат дома.

„Јас кога дојдов, во кабинетот немав ниту едно возило. Единствено, двете возила кои ме чекаа пред Собрание, кога дојдов на позицијата технички минситер. Сите други возила, кои претходно ги користел Спасовски се прераспределени. Во кабинетот немаше ниту компјутери, ниту возила. Тие се специфични возила кои дента кога Спасовски бил избран за премиер биле прераспределени“, вели Чулев за „А1он“.

Како министер, Чулев вели дека лицата кои работат во неговиот кабинет немале возило за вршење на тековни работни обврски, па така, објаснува дека за да се однесат документи во друго министерство, тие морале да бараат да им се одобри возило од возниот парк.

„Ниту шефот на кабинет, државниот советник за политички работи, државниот советник за правни работи никој од нив не може тековно да извршува работи бидејќи нема возила. Секогаш кога треба возило, мораме одново да бараме одобрување од возниот парк. За ова имавме разговарано во министерството, а откако неамше постигнато решение јас бев приморан да ја пуштам телеграмата“, додава Чулев.

Прашан зошто побарал и неговата заменичка Славјанка Петровска да го врати возило, иако тоа е единствено кое го поседува и со кое се превезува, минситерот Чулев вели дека станува збор за превид, бидејќи не знаел дека токму тоа возило го користи Петровска.

„Возилото на Петровска остана кај неа. Возилата фигурираат дека се во Влада, во кабинет на едно или друго лице. Нема име и презиме. Таа ми пушти порака дека во телеграмата го има возилото со кое таа се превезува, јас и кажав дека е во ред. Но, додека кај мене во кабинет нема возила, кај неа и советниците користат службени автомобили“, вели Чулев.

Инаку, „А1он“ вчера објави дека Чулев преку телеграма побарал од службите на МВР да ги одземат возилата дадени на користење на обезбедувањето на премиерот Оливер Спасовски и заменик-министерката на МВР, Славјанка Петровска. Во телеграмата која Чулев ја испратил вчера во 16 часот, барал до 20 часот, да се вратат 35 возила назад во МВР.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски