Најмалку 13 загинати во експлозија во џамија во Пакистан

Од:

Најмалку 13 лица погинаа, a 20 се повредени во експлозија во џамија во градот Кета, на југозапад од Пакистан, а меѓу настраданите е и висок полициски функционер, соопшти полицијата.

Во соопштението, пренесено од британските медиуми, се наведува дека рачно направената експлозивна направа била поставена во внатрешноста на џамијата и дека експлодирала во текот на вечерната молитва.

Ова е втора експлозија во текот на оваа недела во овој град, што се наоѓа во провинцијата Балохистан, а која се граничи со Авганистан и Иран.

Портпаролот на локалната болница изјави дека многу од повредените се наоѓаат во критична состојба, додека портпаролот на пакистанската војска кажа дека во околината на градот се наоѓаат припадници на паравоена единица.

Провинцијата Балохистан, богата со природен гас и минерали, е центарот на Кинеско-пакистанскиот економски коридор вреден 60 милиони долари, а е дел од кинескиот проект „Појас и пат“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица