Фетел прв ќе стартува на Сепанг

Од:

Актуелниот и трикратен светски првак во Формула 1 Себастијан Фетел, ќе стартува од пол позицијата на втората трка во Формула 1 шампионатот, Големата награда на Малезија.

Германецот до 39-та пол позиција стигна откако на патеката Сепанг, во квалификациите, извозе најбрз круг со време од 1:49.674 минути.

Фетел најдбобро се прилагоди на променливите временски услови и влажната патека и во однос на најблискиот конкурент имаше речисе една секунда предност.

Трката во Малезија, од првиот стартен ред, веднаш до Фетел ќе ја започне Фелипе Маса, кој во последниот круг од квалификациите го мина на второто место тимскиот колега Фернандо Алонсо. Шпанецот од вториот ред ќе стартува заедно со Луис Хамилтон кој го освои четвртото место.

Третиот ред го комплетираа Марк Вебер (Ред Бул) и Нико Розберг (Мерцедес), а зад нив ќе трката ќе ја започнат победникот од Мелбурн Кими Раиконе (Лотус), Џенсон Батон (Мекларен), Адријан Зутил (Форс Индија) и Серхио Перез (Мекларен).

Втората трка во 64-то првенство на Формула 1, Големата награда на Малезија ќе се вози во недела со почеток во 9 часот по средноевропско време.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он