Османи: Изборите ќе ја потврдат демократската и политичка зрелост на државата

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Амбасадорот на Република Франција во земјава, Кристијан Тимоние.

На средбата стана збор за актуелностите поврзани со европските интеграции на земјава, особено во пресрет на европските самити на ЕУ во март, мај и јуни под палката на Хрватското Претседателство со ЕУ.

„Преодната Влада се формираше според политичкиот договор низ соодветна постапка и инклузивен процес, што е доказ за не само за институционалната, туку и за политичката зрелост на државата“ – истакна Османи, потенцирајќи притоа дека во периодот кој следи Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори, со што ќе ја потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата.

На средбата се разговараше и за останатите предизвици поврзани со европските интеграции, како што е реформата на методологија за преговори на која работи Европската Комисија, предизвиците на земјава да го задржи реформскиот моментум, можностите за процесот на преговори во рамките на претседателството со ЕУ од страна на Хрватска како и сите останати актуелности.

Соговорниците за време на средбата ја реафирмираа заедничката заложба за иднината на земјите од Западен Балкан, при што уште еднаш заеднички се согласија дека Република Северна Македонија и останатите земји од регионот немаат друга алтернатива освен полноправното членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма