Седум години затвор за продажба на ќерка си

Од:

По одржана главна расправа на која беа изведени материјални и вербални докази во Основниот кривичен суд – Скопје е објавена пресуда со која обвинетиот Т.Д. е прогласен за виновен за сторено кривично дело – Трговија со дете и е осуден на казна затвор во траење од седум години.

– Предметниот кривично правен настан се случил во 2013 година кога Т.Д. ја присилил на брак својата тогаш 17-годишна ќерка и ја продал за 6.000 евра на семејство во Словенија. Оштетената малолетничка таму од страна на новото семејството била третирана како предмет на купување, за што надлежниот суд во Марибор во декември 2015 година ги осудил сопругот и неговите родители и им изрекол ефективни затворски казни, соопшти Јавното обвинителство.

За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвиителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– Надлежен јавен обвинител веднаш започна истрага за кривично правниот настан против таткото на оштетената. Преку меѓународна правна помош за случајот беа обезбедени докази и разменети информации со словенечките колеги. Во текот на истрагата се утврди дека родителите на момчето го договориле бракот и таткото на малолетничката дал согласност невестата да ја даде за пари на човек што првпат го гледа, а кога малолетничката се спротивставила обвинетиот физички ја нападнал и ја присилил на брак, се додава во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Група сексуално злоставувала дете: Девочјето го „продавале“ за сума од 50 до 200 евра

Горан Наумовски

ЕК: Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година

А1он

Српски државјани купиле 14-годишна невеста од Скопје за својот син: притвор за четворицата осомничени за Трговија со дете

Ана Ололовска

Oткриени повеќе од сто можни случаи на трговија со луѓе во Белгија

А1он