Поротничката од ТНТ поднела оставка поради закани, а по убедување од Џолев ја повлекла

Од:

По низата преписки меѓу адвокатите во случајот ТНТ, Судскиот совет и Кривичниот суд, поротничката Лилјана Ивановска-Кочковска поднела оставка до претседателот Иван Џолев. Ивановска-Кочковска рекла дека прима закани за да се откаже од постапување во предметот ТНТ. Поротничката прифатила и натаму да постапува во предметот кога Џолев ѝ кажал дека судот ќе го заштити нејзиниот интегритет и углед.

„По посочувањето дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија поротник и доколку е неоходно, институциите може на секој судија и судија поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се согласи да продолжи да постапува сè до евентуално разрешување од Судскиот совет. Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски, кој денска беше доставен до медиумите, само ги потврдува заканите и притисоците, кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи“, велат од Кривичниот суд.

Од Кривичниот суд повторно го прозваа адвокатот Јовица Страшевски, зачудени дека иако официјално е на одмор и не може да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжувал со притисоци и прозивки.

„Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуваат до судот, од други лица, кога тие се доставуваат само до приемното одделение? Како се дозволува некој и понатаму да влијае врз судиите и судиите поротници и надвор од судница. Поради сите овие прашања, судот повторно апелира до Министерството за правда, Адвокатската комора, Судскиот совет на РСМ и јавниот обвинител да преземат соодветни мерки и да го заштитат судот бидејќи доколку овие методи вродат со плод, може да бидат применети и во сите други судски постапки“, велат од Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов