Рама: Муџахедините во Албанија се дел од хуманитарна, а не политичка операција

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иранските муџахедини во Албанија се дел од хуманитарна, а не политичка операција.

Во комуникација со албанските новинари, Рама од рече дека хуманитарниот став за иранската опозиција во Албанија е напишан и во договорот.

„Како прво, ова е тема и прашање која не нова за нас во однос на Иран. Ние презедовме акција што е чест за Албанија, а е во продолжување на албанската традиција и продолжение на една стратешка алијанса со САД да ги отвори вратите за група луѓе чиј живот е во опасност. Како што пишува и во договорот, тие во Албанија се во рамки на хуманитарна, а не на политичка операција“, рече Рама.

Тој додаде дека неговата земја не е изложена на потенцијална закана како резултат на иранско-американската конфронтација.

„Не верувам дека ова ја изложува Албанија на посебен начин и нема причина да веруваме во тоа, затоа што сме во постојан контакт со нашите сојузници и кога станува збор за тајните служби тие се без конкуренција. Ние сме во безбедни раце кога станува збор за добивање информации“, рече Рама.

И поранешниот албански премиер, екс министер за одбрана, и актуелен прв човек на Министерството за дијаспора, Пандели Мајко, смета дека Албанија не е загрозена од американско-иранскиот конфликт.

Гостувајќи во емисија на Топ чанел, Мајко рече дека прелевањето на конфликтот од Блискиот Исток во Европа ќе донесе проблеми за Иран.

„Прелевањето од Блискиот исток кон Европа носи повеќе проблеми за нив. Во Блискиот исток едно се мисли, а друго се прави“, рече Мајко.

Претходно иранскиот духовен водач Али Хамнеи ја прогласи Албанија за непријател, додавајќи дека таа е „лоша европска земја која ги згрижила нивните непрјатели“.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Рама: Да бидеме дел од ЕУ пред да ги спроведеме сите реформи

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти