Седница на Државната изборна комисија

Од:

Државната изборна комисија на денешната седница ќе го разгледа и усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот од мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, по известувањето од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија за престанок на мандатот на пратеникот Невенка Стаменковска Стојковски.

На дневен ред е и Предлог решението за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет за 2020 година во Државната изборна комисија, како и разгледувањето и усвојувањето на годишниот план за потреби од јавни набавки во 2020 година по програма 20 – Државна изборна комисија и 21 – Изборни активности.

Членовите на ДИК ќе ги разгледаат и дописите до МВР, МИОА, Управа за извршување на санкции и основни судови за достава на податоци за спроведување на референдум на локално ниво во Дојран, што ќе се одржи на 2 февруари годинава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа