Изложба на уметникот Страхил Петровски во Њујорк

Од:

Уметникот Страхил Петровски со мултидисциплинарниот проект „ACTION / REACTION / WOR(L)D” се претстави во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк, со поддршка од Министерството за култура.

Изложбата претставува повеќе целини во кои преку фотографии, зборови, текстови аплицирани на редимејд-објекти, платна – знамиња, испишани пораки, графити, текстуални инскрипции, калиграфски знаци, букви, видеозаписи, авторот ги пренесува разговорите што се однесуваат на егзистенцијалните прашања со себе и другите…

– Преку проектот Петровски го критикува современото дехуманизирано општество, осврнувајќи се на колективната и личната одговорност изгубена во денешнината на информацискиот хаос. Уметникот ги преиспитува цивилизациските вредности, деценските кризи, деструкцијата од секаков тип и уништувачкиот хаос кој речиси секогаш е неповратен. Уметникот не претендира на визуелни претстави кои би понудиле толкувања или решенија на проблемите, туку верува дека тие ќе генерираат повеќе прашања во однос на проблемите на личната свест и совест во денешнината, пишува, меѓу другото, кураторот Маја Чанкуловска-Михајловска.

Страхил Петровски (1974, Куманово) дипломирал сликарство во 1997 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност.

Во последните години користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјава и во странство. Член е на ДЛУМ, работи како советник конзерватор и реставратор во Националниот конзерваторски центар и како доцент по предметите Фотографија и Мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“