Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре во Истанбул ќе присуствува на свеченоста по повод пуштањето во употреба на рускиот гасовод, Турски поток.
Во текот на престојот во Истанбул, Вучиќ како се наведува од неговиот кабинет ќе се сретне со рускиот и турскиот претседател, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, но и со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Како што се наведува, српскиот претседател во Истанбул ќе престојува на покана на Ердоган.
Еден крак од гасоводот ќе носи гас до Турција, а друг преку Бугарија ќе се доставува во Србија и Унгарија.