Спасовски и Мицкоски на литургија по повод Божик во Соборниот храм

Од:

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа централната свечена божествена литургија по повод празникот Раѓањето Христово – Божик на која присуствуваа и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Премиерот Спасовски по завршувањето на литургијата во изјава за медиумите на сите граѓани кои денеска го слават Рождеството Христово им го честиташе празникот. Посочи дека ова е празник на чесноста, на храбри одлуки и активности на дело.

– Токму преку овој празник можеме сите заедно да се препознаеме што е тоа што можеме да го направиме за себе, за нашата држава, за општото добро и за заедничкиот напредок. Токму христијанските празници се тие кои ја испраќаат силната порака, меѓутоа тоа се пораки и за сите граѓани на оваа наша држава. Тоа се пораки, пред се мотивирачки кои ќе придонесат секој самиот себеси да се спознае што е тоа што може да направи за колективното добро заради тоа што само на таков начин можеме да имаме колективна и заедничка среќа, рече Спасовски.

Овие празници, нагласи премиерот, придонесуваат сите заедно во единство, сплотеност, слога, во солидарност да си посакаме здравје, среќа во семејствата, напредок во општеството и сето она што секој за себе го посакува во своето семејство, да биде на безбедно, да има мир, спокој, среќа, да посакаме да имаме на сите нас заедно.

– Преку овие пораки кои денес се испраќаат токму на Рождеството Христово сите заедно да го дадеме својот придонес за колективното добро, заради тоа што тука заедно ќе ја пронајдеме нашата среќа. Христос се роди, за многу години. Честит празник на сите и добар празничен ден, додаде Спасовски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски на сите верници од православна вероисповед им ги честиташе новогодишните и божиќните празници и им посака многу здравје, бериќет, успеси во нивните семејства и да бидат среќни. Се разбира, посочи, човек кога е среќен е најзадоволен.

– Позади нас е година на порази, следува година на победи. Тоа кое јас како божиќна порака сакам да го упатам до христијанските верници, но и сите останати граѓани на Република Македонија е да се почитуваат, да се разбираат меѓу себе, бидејќи самопочитувањето е она кое нас не прави побогати. Сето останато ќе си дојде. Почитувајте се, сакајте се, има надеж за оваа наша Македонија, а надежта допрва доаѓа, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели премиерот

Катерина Ѓуровски