Приведен државјанин на Германија, се обидел да пренесе мигранти од Гана

Од:

Во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ синоќа во 22.40 часот од слобода бил лишен 33 годишен државјанин на Германија поради тоа што во патничко возило „фолксваген“ со германска национални ознаки превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија.

По преземени мерки било констатирано дека приложените патни исправи биле пријавени за украдени во текот на 2019 година, а во разговор со полициски службеници лицето изјавило дека ги набавило во Германија.

– Возачот бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Трите лица од Гана ќе бидат пренесени во Прифатниот центар за странци во Скопје. Во врска со настанот, од слобода била лишена и Р.А.(30) од Италија, која била сопатничка во возилото, информаираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Косовец на полицаец му дал 10 евра поткуп, па завршил во станица

Горан Наумовски

За викендот рекордни над 11.000 патници на Г.П. „Блато“

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо