Заменската дополнителна министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денес ги посети децата од поранешниот дом „11 Октомври“, кои сега живеат во неколку мали групни домови во Скопје.
По повод Новогодишните и Божиќните празници, Шкријељ на дечињата им подари пакетчиња и им посака да имаат безгрижно детство исполнето со многу љубов, успех и ведра насмевка.
Со овој процес, над 180 деца кои живееја во сиви и гломазни институции, целосно запоставени и заборавени, за помалку од две и пол години, Министерството за труд и социјална политика, раководено од Мила Царовска и нејзиниот тим, успеа да ги пресели во мали групни домови со семејна атмосфера. Во институциите нема деца, сега сите живеат во топол дом.
Со посветена работа, продолжуваме да го имплементираме процесот бидејќи секој граѓанин заслужува да добие услови за достоинствен живот, да му се даде можност да се интегрира во заедницата, а на секое дете да му се овозможи еднаков почеток, а наша цел е децата да го добиваат најдоброто.
За имплементација на овој процес имаме силна поддршка од меѓународните организации кои се наши партнери.