ДИК ќе бара податоци од МВР и Статистика за „фантомските“ гласачи

Од:

Државната изборна комисија расправаше за пријавата од опозициската коалиција во врска со „фантомските“ гласачи од Мала Преспа.

ДИК ќе побара податоци од МВР и од Државниот завод за статистика за веродостојноста на личните документи за повеќе од 13.000 лица кои беа запишани во единствениот избирачкиот список оваа година, а кои не беа евидентирани во 2011 година. СДСМ обелодени скандал со 13.869 фиктивни гласачи, кои добиле лични карти, а со тоа и право на гласање.

„Регистерот на граѓани го има МВР. Од таму и од Заводот за статистика ќе побараме писмена информација на што се должи ваквата појава и кога овие лица ја добиле личната карта, за да ги провериме информациите, да ги лоцираме пропустите и да ја утврдиме фактичката состојба“, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Ова отвора сомнеж и кај членот на ДИК, Бедредин Ибраими.

„Ако во тој избирачки список има лица кои се нашле таму по завршувањето на извршениот увид и отпосле им биле издадени лични карти, тогаш треба да се сомневаме во целиот избирачки список како и во работата на ДИК. МВР треба да не извести кои се овие лице и кога им се издадени личните карти. Ако лични карти им се издадени по завршувањето на увидот над избирачкиот список тогаш треба да се одложат изборите“, рече Ибраими, член на ДИК од ДПА.

Овие жители се најверојатно од Мала Преспа, како што објави СДСМ. Во некои станови се пријавени дека живеат и по 60 лица.

Слични афери беа објавени и за ресен и Охрид, но надлежните не презедоа ништо.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618