Зариф до Трамп: Таргетирање културни локалитети е воено злосторство

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, го предупреди денеска американскиот претседател Доналд Трамп дека таргетирањето ирански културни места ќе биде воено злосторство.

„После сериозното кршење на меѓународното право во петокот со атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак, господинот Трамп се заканува дека повторно ќе го прекрши меѓународното право“, напиша иранскиот шеф на дипломатијата на Твитер.

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека Вашингтон ќе „удри на 52 локации во Иран многу брзо и многу силно“ доколку Исламската Република нападне американски персонал или цели.

Некои од тие локации се „многу важни за Иран и иранската култура“, објави Трамп доцна синоќа на Твитер.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари