Забрана за влез на товарни возила во Република Грција поради очекувано невреме

Од:

МВР ги известува граѓаните дека од 05.00 часот на 05.01.2020 до 24.00 на 06.01.2020, според добиените информации од грчките погранични служби, се воведува забрана за влез за сите товарни моторни возила во Република Грција, и тоа на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, со можност за нејзино продолжување.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.

Би можело да ве интересира

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее