Писонеро: Од Вардар повторно ми понудија да бидам тренер

Од:

Екс тренерот на европскиот ракометен шампион Вардар, Давид Писонеро добил понуда повторно да седне на клупата на „црвено-црните“, откри самиот тој за шпанските медиуми.

Русинот Едуард Кокшаров го наследи Писонеро на клупата на скопскиот тим, но напредок во играта на вардарци немаше, па раководството решило повторно да го побара Шпанецот да се врати на кормилото.

Писонер, кој беше прекомандуван во асистент на вардарци, ја одбил понудата.

„Од клубот ми понудија одново да бидам прв тренер. Ми кажаа дека избрзале, но јас го прекинав разговорот. Направија чекор наназад, ги одбив бидејќи сето тоа нема никаква смисла. Доколку требаше да се вратам ќе го сторев тоа, зошто имав договор со нив, но јас бев решен да ја прекинам соработката“, изјави Писонеро.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски