Уште еден Кинез казнет зашто фрлил монети во мотор на авион

Од:

Кинески државјанин што по првпат решил да патува со авион, е казнет бидејќи фрлал метални парички во моторот на леталото на авиокомпанијата Лаки ер.

Лу Чао (28) ќе треба да ѝ плати 17.800 долари на кинеската компанија. Момчето призна дека лани во февруари фрлал монети во моторот во авион на аеродромот Анквинг Тјанцушан во источна Кина. На суд се појавил во август потоа, а пресудата е изречена неодамна.

Притоа, застапниците на Лаки ер тврдеа дека направената штета е поголема од 17.600 долари.

Неретко се случува Кинез да фрли парички во моторот – „поради среќен лет“, односно поради суеверие.

Лу во судскиот процес сепак истакна дека компанијата треба да ги предупредува патниците да не фрлаат метални парички во авионите.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска