Во повеќе црногорски градови и денеска се одржуваат протести заради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповедта.
Во протестната литија од центарот на Беране до манастирот Ѓуѓеви столбови, оддалечен три километри, попладнево се собраа до сега најголем број граѓани, а на приодот до манастирот колоната била непрегледно долга, пренесе подгоричкиот портал Вијести.
Протести заради усвојување на законот во Беране има секој ден, а бројката на мирни демонстранти кои се собираат кај портата на манастирот на молебен од ден на ден е се поголема.
SLAVA OCU, SINU I SVETOME DUHU…Đurđevi Stupovi snimljeni dronom večeras…Kamen bi suzu pustio kada gleda braću i sestre koji stoje kao jedno u odbrani svetinja…Иванград студио hvala na divnim kadrovimaDIJELITE! ❤
Posted by Objektiv Story on Четврток, 02 јануари 2020
По молебенот граѓаните мирно се разотидоа.
Prepun hram u Podgorici večeras. Veliki broj vjernika ispred jer ne mogu da uđu
Prepun hram u Podgorici večeras. Veliki broj vjernika ispred jer ne mogu da uđu
Posted by Objektiv Story on Четврток, 02 јануари 2020
И на литијата во Бијело Поље, која одеше по градските улици, се собраа повеќе од 10.000 верници, кои уште еднаш го изразија својот протест заради изгласувањето на законот. Пред литијата беше отслужен и молебен.
Вечерва молебен беше служен и во Плужина, во црквата „Свети Јован Крстител“, по кој низ градот прошета литија што ја предводеше свештенството, следена од мноштво незадоволни граѓани.
Литија се одржа и во Жабљак.