Првото бебе во Куманово е девојче

Од:

Првото новороденче во Куманово во 2020 година е девојче. Родено е во 01:35 часот, по полноќ, во Општата болница, тешко 3.790 килограми, 52 сантиметри долго. Тоа е второ бебе во семејството Спасовски од Куманово.

Мајката, 30 – годишната Соња и бебето Марта се добри, изјавија дежурните лекари.

Новороденчето и мајката денеска ги посетија претставници од Општина Куманово и од Општата болница кои им подарија пригодни подароци.

-Се помина во најдобар ред, се работи за спонтано породување. Мирна ноќ на акушерското одделение, иако тука посакуваме повеќе работа, тука се доаѓа за убави работи, за рожба. Минтатата година имавме 1.110 раѓања што е за 140 помалку од 2018 година. Радува фактот дека е намален неонаталниот моратлитет, изјави директорката на болницата, доктор Снежана Захариева.

Секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска им честиташе на родителите и им посака среќни и безгрижни моменти на кумановци во 2020 година.

-Посакуваме повеќе новороднечиња во Куманово на овој одел, рече Стошевска и се заблагодари на службите кои се грижеа за мирна новогодишна ноќ во градот.

По Нова Година во кумановската болница е родено уште едно машко бебе.

Инаку, во Куманово новогодишната ноќ помина релативно мирно. Доктор Валентина Тодоровска Трајковска од Итната медицинска помош, информираше дека ноќта имале 20-тина интервенции од кои една сообраќајна несреќа и една интоксикација од алкохол кај 24-годишна девојка.

Од интерното одделение, пак, информираат дека имале десетина интервенции од кои една интоксикација од алкохол кај лице родено 1991 година. На новиот Ургентен хируршки центар имало вообичаен број интеревенции, околу десетина прегледи од кои една на повредени од сообраќајна незгода кои по пружената терапија се пуштени на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра