Вучиќ: Белград нема никаква вина за настаните во Црна Гора

Од:

Белград нема никаква вина за настаните во Црна Гора, ниту учествува на било кој начин освен што изразува загриженост за својот народ, изјави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Коментирајќи го апелот на 88 јавни личности во врска со немирите во Црна Гора, тој рече дека Србија сака да дејствува сериозно и одговорно и да не долева масло на огнот.

„Мислам дека е важно да се смират состојбите и тензиите да не продолжат“, рече Вучиќ, истакнувајќи дека не прифаќа јавна осуда за протестите во Црна Гора поради усвојувањето на спорниот закон за верска слобода.

Нас рацете ни се вразани, рече тој, потсетувајќи дека Србија ја прифаќа и ја признава независноста на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија