Регионалните политички процеси, идентификување на заканите и ризиците по регионална и националната безбедност биле тема на разговор на вчерашната средба на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со директорот на Агенцијата за разузнавање и останатите дирекции од агенцијата.
Како што информираат од Кабинетот на Иванов, на средбата бил презентиран и работниот план на АР за 2013 година и сумирани резултатите од работењето за минатата година.