Средба Пендаровски-Џафери: Фер и демократски избори ќе бидат потврда за демократскиот капацитет на земјата

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Собранието, Талат Џафери, при што размениле мислења за севкупните состојби во државата и очекувањата за следната година.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски и Џафери на средбата разговарале и за претстојните активности во процесот на формирање и функционирање на преодната Влада, за спроведување на предвремените парламентарни избори, односно за обврските на двете институции во тој процес.

– Претседателот на државата Пендаровски и претседателот на Собранието, Џафери, се согласија дека во годината кога очекуваме заокружување на полноправното членство во НАТО и одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, потврда за демократскиот капацитет на Северна Македонија треба да биде спроведувањето на предвремените парламентарни избори во април 2020 година во фер и демократска атмосфера, стои во соопштението од кабинетот на шефот на државата Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on