Дибиров: Вардар го чекаат тешки времиња

Од:

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров во интервју за руски медиум сподели дека финансиската состојба на македонскиот тим  воопшто не е подобрена во однос на ланската сезона.

– Многумина мислат дека финансиската ситуација е подобрена, но не е точно. Тимот ќе се соочи со со сериозни проблеми кога ќе завршат договорите на голем дел од играчите. Вардар го чекаат тешки времиња“, открива Дибиров и додава:

За разлика од претходната сезона, продолжува тој, вакви тешки времиња во Скопје немало одамна.

– Стоилов беше повреден, Атман, Горбок, Калараш, Горпишин исто така се повредија, свое влијание имаше промената на теренот. Ќе се обидеме да поправиме нешто по завршување на паузата, вели меѓудругото Русинот.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски