ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните кои три години се жртва на партиските шерифи на СДСМ нема да бидат изманипулирани од Заев

Од:

Граѓаните кои три години се жртва на директорите и партиските шерифи на СДСМ, кои ги даваа на извршување и ги тужеа граѓаните, нема да бидат изманипулирани, од лажното душегрижништво на Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на премиерот Заев преку соопштение.

„Зоран Заев и СДСМ спроведуваат предизборен поткуп. На само 6 дена пред техничка влада, Зоран Заев најавува отпишување на долгови, процес кој планираат да се одвива во изборен период.

Зоран Заев со овој чекор директно врши изборен поткуп на однапред определена група на граѓани.

Три години граѓаните беа жртви на џелатите на власта, јавните претпријатија и државните органи, кои ги даваа на извршување граѓаните и ги малтретираа по налог на Заев и врвот на власта, за сега да ги лаже и манипулира дека нешто прави.

Лажната грижа за граѓаните завршува. По 12 април и отпочнувањето на обновата на Македонија следува вистинска грижа за граѓаните и нивните интереси.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ