Заев: Оставката е напишана, на трети јануари ќе ја поднесам

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека нема да се одложат предвремените избори, бидејќи од Собранието добил ветување дека законите до вечерва ќе бидат изгласани кои што треба да се применуваат од први јануари. Заев потенцираше дека неговата оставката е подготвена и само треба да ја потпише.

„Ако Собранието стои на зборот, нема потреба да се одложуваат изборите. На трети јануари јас ќе ја поднесам мојата оставка, а се надевам дека истиот ден ќе може да се даде мандатот на техничкиот премиер, за до крајот на денот да се состави владата. Оставката е напишана и чека соодветно време да биде потпишана“, рече Заев.

Тој кажа дека има фаворит за технички премиер, но не знае дали тој ќе победи бидејќи Централниот одбор го има последниот збор кој заседава вечерва.

„Вечерва ќе се знае кој ќе биде во техничката влада“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра