Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со директорот на Агенцијата за разузнавање и со директорите на дирекциите во Агенцијата на која беше информиран за тековните и предвидените активности во 2013 година.
Пред шефот на државата беа презентирани годинашната програма за работа на Агенцијата за разузнавање и годишниот извештај за работата во 2012 година.
Во делот на извршување на активностите, Агенцијата стави акцент на регионалните политички процеси и идентификување на заканите и ризиците по регионалната безбедност, како и на заканите и ризиците по националната безбедност на Република Македонија.