Фудбалската федерација на Македонија организираше семинар за родители и претставници на клубови од Детската лига, а потоа на 127-те клуба од шесте региони, им беа доделени опрема и топки.
ФФМ донираше вкупно 2.100 топки за потребите на клубовите од Детската лига, со што сака да покаже грижа за најмладите.
– Во ФФМ доминира грижата за младите. Со постигнатите резултати во младинските категории, можеме да констатираме дека македонскиот фудбал ја сочува својата продуктивност. Фудбалот еволуираше на многу сериозен начин и мене ми е важно што и нашата Федерација го следи модерниот тренд, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.