(ВИДЕО) Заев: Тргнуваме со отпишување на каматите и даваме можност за исплата на рати на главниот долг

Од:

Премиерот Зоран Заев, на денешната 124 седница на Собранието, одговарајќи на прашањето на пратеникот Панчо Минов околу решавањето на старите долгови на граѓаните, истакна дека ќе се отпишуваат каматите и ќе се даде можност за плаќање на рати за главиот долг.

– Граѓаните се влезени во еден „пекол“, во еден бесконечен лавиринт од којшто буквално не е возоможно, не сами граѓаните што се сега родители туку и нивните деца, тешко ќе излезат од блокирани трансакциони сметки, замрзнати имоти, судски пресуди и дефинитивно таквите граѓани и кога бараат работа ја бараат на црно, затоа што ако бараат работи ќе им бидат земени парите. Тоа сето е еден комплексен систем којшто мораме да го решаваме. Затоа тргнуваме со бришење на каматите и даваме можност за исплата на рати на главниот долг, нагласи денеска Заев на собраниската говорница.

Тој нагласи дека, според нивните анализи, самите камати во огромен процент ги поминуваат дури и висините на основниот долг, што е катастрофално.

– Прво донесовме законски измени за намалување на трошоците за извршителите и нотарите, но тој не може ретрокативно да важи и затоа немаше голема рефлексија, но сите нови случаеви од една година наваму до ден денеска тие се веќе со нормализирани трошоци. Ова е сега втор обид што го правиме, со што дефинитивно имаме намера да им помогнеме на граѓаните доминантно, но кога го правиме тоа го правиме и за компаниите, да се избришат каматите коишто ги имаат по долговите по сите јавни претпријатија, државни институции, општински институции, установи – се што претставува државен интерес, а во приватните со закон да го укажеме тоа прецизно, давајќи ги самите табели каде да се движат, објасни Заев.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски