Клоп: Календарот околу „Боксинг деј“ е кривично дело

Од:

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го опиша календарот на натпревари во Премиер лигата околу Божик, како кривично дело. Германецот во целост се сложува со тренерот на Манчестер сити кој исто така отворено го критикуваше збиениот распоредот на натпревари.

– Ниту еден од тренерите нема проблеми со натпреварите на „Боксинг деј“, но да се игра на 26, па следниот дуел да се закажува на 28 јануари е кривично дело. Играчите ќе немаат ниту 48 часа за одмор и подготовка за следниот меч, изјави Клоп.

Претходно, Гвардиола изрази негодување за густиот распоред во овој дел од годината. Ливерпул денес гостува кај Лестер, в недела е домаќин на Вуулвс, а на 2 јануари го пречекува Шефилд.

Ова значи дека за нешто повеќе од еден месец, Ливерпул ќе одигра 11 натпревари вклучително и оние на меѓународната сцена.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска