Индекс – Загреб
И додека сите други лиги мируваат, а играчите се одмораат, во Премиер лигата за време на Божик и Нова Година се игра со полна пареа. Сè започнува денеска, со традиционалниот Боксинг деј.
Играњето фудбалски натпревари на 26 декември датира далеку во минатото и влече корени од почетокот на фудбалот каков што го знаеме денес.. Шефилд ФК и Халам ФК во Штефанџ во 1860 година, на Свети Стјепан, ден после Божик (католички) го одиграа првиот натпревар меѓу некои два фудбалски клуба во историјата. Потоа, во првиот дел од сезоната на старата Фудбалска лига (1888./1889) Престон на 26 декември го победи Дерби со 5:0 и така овој датум засекогаш почна да се користи во термините на англиските натпревари.
Постојат бројни теории, по кои Боксинг деј го добил името, но најприфатена е онаа за господарите и слугите. „Christmas Box“ (Божиќна кутија) е англиско назив за подарок за Божиќ. Богатите Англичани, кои имале свои слуги и помошници во нивните домови на 26 декември им давале „Божикни кутии“, што се нарекувало „Boxing Day“ и потоа им дозволувале да заминат во своите куќи, да бидат со нивните семејства..
Друга теорија е дека на Божик во црквите во кутии се собирале пари, кои еден ден подоцна (Boxing Day) се отворале, а некои тврдат дека бродовите на прекуокеанските патувања товареле кутија со пари за среќа, кој му ја давале на свештеникот при доаѓањето во пристаниште, а тој парите им ги делел на сиромашните еден ден после Божик.
Како и да е, повеќе од 120 години на 26 декември во Обединетото Кралство се игра фудбал. Премиер лигата, пониските лиги, аматерските лиги – сите играат. Натпреварите се распоредени така за навивачите што помалку да патуваат, и најчесто не се играат големи дерби мечеви, за да се избегнат нереди за време на Божик.
Сепак, најмногу се памти Боксинг деј во 1963 година, кога на десет натпревари во Дивизија Еден „паднале“ неверојатни 66 гола.
Во денес назамисливо сценарио, Манчестер Јунајтед прими шест гола од Барнли, Блекбурн во гости го победи Вест Хем со 8:2, а Фулам на Ипсвич му даде дури десет гола. Со идентичен резултат од 3:3, завршија натпреварите Вулерхамптон и Астон Вила и Нотингем и Шефилд Јунајтед, а Вест Бромвич Албион и Тотенхем одиграа 4:4.
Денес, англиските тренери и играчи се жалат на пренатрупаност и недостиг на време за одмор.
Што би рекле да играле во педесеттите години?
До 1957 година, во календарот на најелитната класа на англискиот фудбал, едно коло се играше на Божик, а друго – ден подоцна…