Етнолошка изложба „Исткајала Јовка шарен килим“ во Куманово

Од:

„Исткајала Јовка шарен килим“ е насловена етнолошката изложба на етнолозите Милица Пешевска Николовска и Надица Петковиќ која ќе биде отворена вечер во Уметничката Галерија во Куманово.

Кумановци ќе имаат можност да видат 40-тина килими, дел од богатата збирка на кумановскиот музеј. Авторките Николовска и Петковиќ велат дека посетителите ќе имаат можност да ги видат најстарите и најрепрезентативните килими создавани од домаќинките од крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век од Куманово и околината.

-Ткајачката со својата фантазија и иновативност успеала да изработи ремек дела кои изболиваат со шаренило, разноликост кои и ден денес се инспирација за современите уметнички дела, велат авторките.

Низ изложбата и презентираните килими, кумановци ќе се навратат во минатото, ќе ги разгледаат килимите кои биле изработувани за мираз на невестите, оние кои служеле за декорација. Килимите во овој регион влегуваат од османлискиот период, првин во градовите, а потоа и во селата.

Ткаениците низ годините и вековите се пренесувале од генерација на генерација и во себе имаат вткаено елементи од разни култури на народи кои живееле на овој простор.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска