Без амин од меѓународната заедница, ВМРО-ДПМНЕ не може да го врати старото име

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, и да има двотретинско мнозинство, не може да го врати старото име на државата бидејќи е потребно зелено светло од меѓународната заедница, сметаат експертите по уставно право. На изјавата на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, дека со двотретинско мнозинство ќе бара ревидирање на преспанскиот договор, стручната јавност гледа пропаганден обид за собирање гласови пред изборите. Слично на Мицкоски, и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, изјави дека името можело да се врати на два начина. Едниот бил да освојат 80 пратеници, а вториот државата да влезе во ЕУ, па тогаш да се преговара со Грција од иста позиција.

За експертите по уставно право, овие два начина се, практично, неизводливи. Тие прашуваат како ВМРО-ДПМНЕ ќе ја убеди меѓународната заедница да ѝ даде зелено светло за враќање на договорот назад, со оглед на тоа што таа даде поддршка и смета дека треба да се спроведе преспанскиот договор. Професорот по уставно право, Темелко Ристески, за „А1он“ изјави дека ревидирањето на преспанскиот договор е невозможно затоа што тој е прифатен и се имплементира во меѓународните институции.

„Меѓународната заедница стои зад овој договор и го поддржува. Македонија веќе е заведена со новото име – Република Северна Македонија – во Секретаријатот на Обединетите нации. Овие договори не се менуваат толку лесно и сметам дека ова е пропаганда за гласови“, вели Ристески.

Истиот став го дели и професорката Беса Арифи.

„Тоа не зависи само од нашиот Устав. Не може тукутака да се повлечете од меѓународен договор, кој е во сила. Значи, ние имаме обврски, кои се наддржавни. Од друга страна, двотретинско мнозинство е тешко да се обезбеди, а треба да се земе предвид и фактот дека се потребни и гласовите на пратениците од заедниците, особено кога се работи за менување име, обележје на државата и слично “, рече Арифи.

ВМРО-ДПМНЕ го критикува и договорот со Бугарија, но Мицкоски, кога се сретна со Бојко Борисов, јасно рече дека ќе го поткрепат договорот за добрососедство со Бугарија. Цела деценија предизборно ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски собираше политички поени на сметка на неменување на името.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата