Со цел подигнување на повисоко ниво на процесот на едукација на изборните органи, на денешната седница Државната изборна комисија (ДИК) ја усвои програмата за задолжителна едукација на општинските изборни комисии, избирачките одбори за спроведување на гласањето во Република Северна Македонија и избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство.
– Покрај зајакнување на тимот за едукација кој ќе ги спроведе обуките, со оваа програма за прв пат се предвидува обука на секој член на изборните органи, која ќе биде пренесена од членовите на тимот за едукација на Државната изборна комисија.Овие обуки ќе се реализираат во период од почетокот на февруари 2020 година, се до почетокот на април 2020 година, соопштија од ДИК.