Словенија ги отвори вратите на Хрватска во ЕУ

Од:

Надворешнополитичкиот одбор на словенечкиот парламент едногласно ја подржа ратификацијата на хрватскиот пристапен договор во ЕУ.

Словенија е последната држава во ЕУ, која го започна процесот за ратификација на хрватскиот пристапен договор, кој мора да заврши пред 1-ви јули, кога Хрватска ќе влезе во ЕУ.

-Денес е среќен ден за Хрватска и Словенија. Започнуваме ново поглавје во односите со двете држави – изјави на седницата на Одборот на министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец.

Тој процес застана поради спорот со Љубљанска банка, кој двете држави го решија со потпишување на меморандум за согласност на 11-ти март.

Освен Словенија, уште четири држави членки на ЕУ, не го завршија процесот за ратификација на хрватскиот договор со ЕУ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка